Ред бул рејсинг останаа на зборот и вложија протест против „ДАС“ (Dual-Axis Steering) системот на шампионскиот тим на Мерцедес пред стартот на сезоната со Австриското ГП овој викенд.
ДАС системот предизвика многу контроверзи на зимското тестирање, бидејќи се работи за систем со кој возачите на Мерцедес со придвижување на воланот напред и назад можат да ја намалат оската на предните тркала.
Мерцедес постојано тврдат дека системот е легален според правилата на ФИА, но Ред бул смета дека се прекршени правилата 3.8 и 10.2.3 од техничките правила на Ф1. Правилото 3.8 е за подвижни делови кои влијаат на аеродинамиката на болидот, а правилото 10.2.3 вели дека не се можни промени на суспензијата додека болидот е во движење.
Мерцедес доминираа на двете тестирања на патеката Ред бул ринг, поставувајќи 1-2 време во двете сесии. Иако е нејасно колку ДАС системот дава предноста на возачите, ФИА претходно објави дека системот нема да биде дозволен во 2021 година.
Мерцедес ги шокираа сите со „подвижниот“ волан на зимското тестирање (видео)