Фабио Квартараро од Петронас Јамаха е сензационалниот освојувач на пол-позицијата во пресрет на утрешната трка за Големата награда на Шпанија. Квартараро влезе во историјата како најмлад освојувач на пол-позиција во кралската класа. Неверојатниот ден за Петронас Јамаха го надополни Франко Морбидели кој утре ќе стартува од втората позиција.
Петронас Јамаха и Фабио Квартараро забележаа неверојатен успех на патеката во Херез, откако во својата четврта трка во кралската класа во Мото ГП шампионатот, ја освоија првата пол-позиција во клупската историја.
Квартараро во финишот на квалификациите успеа да стигна до првото место, поставувајќи нов рекорд на патеката. Најбрзиот круг во Херез сега изнесува 1:36.880 минути. Од првиот стартен ред утрешната трка ќе ја започнат клупскиот колега на Квартараро, Франко Морибидели и актуелниот светски првак Марк Маркес, кој вози за Репсол Хонда.
Разликите помеѓу освојувачот на пол-позицијата и останатите двајца беа 88 односно 90 илјадити делови од секундата.
Од вториот ред трката ќе ја започнат Андреа Довициозо на Дукати, Маверик Вињалес на Јамаха и Кал Крачлоу на ЛЦР Хонда.
Разочарувачки квалификации имаше Валентино Роси, тој утре ќе стартува од 13 место.