Дебитантот во најсилната класа во Мото ГП шампионатот, Фабио Квартараро, ја освои пол-позицијата во пресрет на трката за Големата награда на Холандија, во Асен. 20 годишниот возач на Петронас Јамаха ја освои третата пол-позиција оваа сезона.
Петронас и Квартараро имаа брилијантни квалификации, откако тој до пол-позицијата стигна со апсолутен рекорд на легендарната патека во Асен. Најбрзиот круг на Шпанецот изнесуваше 1:32.017 минути.
Првиот ред на утрешниот старт го комплетираа Маверик Вињалес на Јамаха и Алекс Ринс на Сузуки.
? @FabioQ20 has done it AGAIN!
The Frenchman becomes the youngest rider EVER to claim back-to-back pole positions in #MotoGP! ?#DutchGP ?? pic.twitter.com/iRmPWiZiRx
— MotoGP™? (@MotoGP) June 29, 2019
Актуелниот шампион и лидер во генералниот пласман, Марк Маркез на Репсол Хонда, заврши на четвртото место. Ова е прв пат од почетокот на сезоната Маркез да не биде меѓу најдобрите тројца на стартот.
Покрај Маркез од вториот ред ќе стартуваат Мир и Крачлоу, а зад нив се Накагами, Морбидели, Милер, Довициозо и Пол Еспаргаро.
Разочарувачки квалификации имаше легендарниот Валентино Роси кој со својата Јамаха утрешната трка ќе ја стартува од 14 позиција.
Трката за Големата награда на Холандија в недела ќе започне во 14 часот.