Top Sport

Лајам Лосон ќе дебитира во Ф1 – Рикардо има скршен зглоб на раката

Алфа Таури потврдија дека Даниел Рикардо нема да може да вози на Холандското ГП во недела откако го скрши зглобот на раката на вториот тренинг во Цандворт, и дека младиот Лајам Лосон ќе добие шанса да вози првпат на една Ф1 трка.

Рикардо се судри на третата кривина во исто време како неговиот австралиски сонародник, Оскар Пјастри во Мекларен, по што веднаш беше однесенво болница.

„Снимките покажаа дека Даниел има скршеница на метакарпалната коска на левата рака и нема да може да вози овој викенд. Тој ќе биде заменет од резервниот возач, Лајам Лосон“, потврдија од Алфа Таури.

Новозеланѓанецот Лајам Лосон првпат во својата кариера ќе добие шанса да вози квалификации и трки. 21-годишниот Лосон ќе стане 10-тиот Новозеланѓанец со настап во Ф1, а оваа сезона вози во Јапонската Супер Формула серија, каде што е втор во генерален пласман.

(Видео) Даниел Рикардо заврши во болница, може да не се трка овој викенд

 

Scroll to Top