Top Sport

Леклер на пол-позицијата во Бахреин

Пилотот на Ферари, Шарл Леклер, првата трка во Формула 1 сезонава за Големата награда на Бахреин, ќе ја почне од пол-позиција. Ова е десетта пол-позиција во кариерата за 24-годишниот возач.

Макс Верстапен имаше втор резултат на официјалниот тренинг и ќе биде во првиот стартен ред со Леклер.

Карлос Саинц и Серхио Перез имаа трето односно четврто време во квалификациите и ќе го пополнат вториот стартен ред. Луис Хамилтон заврши на петтата позиција.

Scroll to Top