Top Sport

Прва победа за Пелистер, триумфи за Шкендија и за Академија Пандев

Актуелниот првак Шкендија славеше победа (0:2) на гости против Скопје на „Автокоманда“, но и Академија Пандев оствари триумф (1:2) против Тиквеш во Кавадарци. Пелистер стигна до прв триумф во шампионатот во 24.коло, откако ја совлада Брегалница (2:0), а Македонија ЃП минимално го победи Борец (0:1) во Велес. Ренова го совлада Работнички со 2:1.

Андре Менсалао постигна одличен погодок водство на Шкендија во 11.минута, а Аденис Шала во 64.минута го потврди триумфот на тимот од Тетово.
Академија Пандев стигна до нови три бода трумфирајќи со 1:2 против Тиквеш во Кавадарци. Кристијан Велиновски експресно донесе водство за гостите по само 35 секунди, а израмни Анаел Нгоба во 54.минута. Тиквеш остана без Александар Вареловски во 72.минута поради два жолти картони, а Димитар Митровски донесе триумф за „пандевци“ во 90.минута.

Пелистер ја совлада Брегалница со 2:0 и стигна до прв триумф. Петар Љамчевски погоди за „зелените“ во 24.минута, a Едгар го постави конечниот епилог.

Ренова го совлада Работнички со 2:1. Ремзифаик Селмани беше стрелец на првиот гол „гипсарите“, а потоа Шефит Шефити реализираше пенал за 2:0. Анес Рушевиќ во завршницата погоди за Работнички.

Македонија ЃП со 0:1 славеше против Борец во Велес. Давид Атанаскоски уште во петтата минута ја погоди мрежата на домашниот тим.

Вчера, Шкупи го совлада тимот на Струга Трим Лум на гости со 1-3.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Прва победа за Пелистер, триумфи за Шкендија и за Академија Пандев

Scroll to Top