Ферари наводно имаат снимки кои покажуваат дека лепенката од кацигата на Макс Ферстапен се „заглавила“ во сопирачките на Шарл Леклер, предизвикувајќи проблеми на болидот на Ферари, јавуваат повеќе Ф1 медиуми.
Ферстапен стартуваше на 14., а Леклер на 15. место на патеката Спа-Франкоршамп, и возачот на Ред бул имаше подобар старт и беше испрскан од течностите од оштетениот болид на Луис Хамилтон пред него по судирот од првиот круг со Фернандо Алонсо. Снимките покажуваат како Ферстапен ја вади лепенката и ја фрла, по што таа наводно се заглавила во предната десна сопирачка на Леклер.
По ова, Леклер мораше да влезе во боксот, и потоа излезе на последните позиции, за да ја заврши трката како петти, за да добие казна и на крајот да биде на шестото место.
Ферстапен не беше сигурен дали неговата лепенка предизвикал проблеми.
„Да, Карлос ми кажа дека е лепенка, се надевем дека не беше мојата. Но, имаше многу работи во тој првиот круг и ако тоа се случило, тогаш е навистина несреќа“, изјави Ферстапен.
Straight from Mario Kart. @Max33Verstappen 's tear off visor gets stuck in @Charles_Leclerc 's front right. #BelgianGP #SpaFrancorchamps #F1 pic.twitter.com/NMmIdyOfSU
— Elle ?? supporting the main characters of F1 (@ilpredestinato_) August 28, 2022