Top Sport

Усик се врати во Украина по одбраната на титулите во тешка категорија

Шампионот во тешка категорија, Олександер Усик се врати во својата татковина, Украина, првпат по одбраната на титулите против Ентони Џошуа овој месец во Саудиска Арабија.

Усик повторно му даде боксерска лекција на Британецот, за да ги одбрани шампионските појаси и сега е во преговори со Тајсон Фјури за спектакл за обединување на тешкашките титули.

Кога почна инвазијта од Русија, Усик ги прекина подготовките за мечот со Џошуа и се врати за да се пријави во територијалната одбрана во Киев, но потоа доби дозвола од државата за да ги брани титулите.

„Драга, ни недостасуваше“, напиша Усик на Инстаграм со фотографија со националното знаме.

Scroll to Top