Top Sport

Лоренцо го победи Маркез во нова трилер трка во Австрија

Хорхе Лоренцо стигна до третата победа во 2018 година, откако успеа во возбудлива завршница да го победи својот стар ривал, сонародникот Марк Маркез на Австриското ГП на Ред бул ринг.

Стартувајќи од пол-позицијата, Маркез го предаде водството на колегата на Лоренцо од Дукати, Андреа Довициозо, а кога во третата кривина се обиде да се врати на првото место, имаше контакт со Италијанецот и дозволи Лоренцо да излезе напред.

Меѓутоа, Маркез го помина својот иден колега во Хонда во следниот круг и почна да се одвојува од двојката на Дукати, а Довициозо вршеше притисок на Лоренцо. Тој немаше сила за претекнување и Лоренцо полека му се приближуваше на Маркез, по што следуваше фантастична битка во неколку кругови. На крајот, Лоренцо заврши за 0.130 секунди пред Маркез.

Довициозо не можеше да се вклучи во битката и заврши како трет со 1.5 секунди засостанување, додека далеку зад него беше Кал Крачлоу (ЛЦР Хонда) и третото Дукати на Данило Петручи.

Валентино Роси го комплетираше кам-бекот од 14. место на стартот за да спаси шесто место пред Дани Педроза (Хонда) и Алекс Ринс (Сузуки). Жоан Зарко (Тех 3 Јамаха) и Алваро Баутиста (Нието Дукати) го комплетираа топ 10, аа Маверик Вињалес не помина ниту еден круг во топ 10 и заврши на 12. место во очајна трка за Јамаха.

Лоренцо со својата 68. победа во кариерата останува трет во генерален пласман, додека Маркез го зголеми водството пред Роси на 59 поени.

Scroll to Top