Top Sport

Маркез со страшно излетување, трката во Индонезија неизвесна поради силниот дожд

Додека возачите чекаат силниот дожд да престане на патеката Мандалика во Индонезија, од тимот на Хонда потврдија дека шесткратниот светски шампион, Марк Маркез нема да настапи во никој случај на трката по страшниот судир по кој има потрес на мозокот.

29-годишниот Маркез, како сите возачи на Хонда имаше проблем со новите гуми на Мишелин, излетувајќи на седмата кривина на индонезиската патека, по што очигледно не беше во состојба сам да се врати во боксот.

„Беше навистина чудно бидејќи Марк имаше три големи судири и мораме да сфатиме зошто. Денеска беше брутално. Мишелин донесоа поинаков тип на гуми тука и мораме да сфатиме што се случува“, изјави тимскиот менаџер на Хонда, Алберто Пуиг.

Scroll to Top