Top Sport

Леброн го помина Мелоун, Лејкерси загубија во Вашингтон

Ниту историската вечер за Леброн Џејмс не помогна Лос Анџелес лејкерс да стигнат до победа, „паѓајќи“ со 127:119 на гостувањето кај Вашингтон визардс, нивни 13-ти пораз во последните 17 мечеви.

Џејмс постигна 38 поени, 10 скока и 6 асистенции за да го помина Карл Мелоун на листата на најдобри стрелци во историјата на НБА лигата. „Кралот“ има 36.939 поени, поминувајќи го легендарниот „Поштар“ Мелоун (36.928) и сега пред него на вечната листа е само Карим-Абдул Џабар со 38.387 поени.

„Само тоа што сум дел од оваа лига толку многу години стигнав до најголемите кои го играле овој спорт и кои ми биле инспирација. Немам зборови. Тоа е чест за мене, за мојот роден град и за моето семејство и пријатели кои ми помогнаа на овој пат“, изјави 37-годишниот Џејмс.

НБА РЕЗУЛТАТИ

Минесота – Милвоки 138:119

Кливленд – Детроит 113:109

Шарлот – Далас 129:108

Вашингтон – Л.А: лејкерс 127:119

Scroll to Top