Русинот Никита Мазепин нема најдобар старт на неговата Формула 1 кариера, откако на тренинзите за Шпанското ГП во Барселона двапати се изврте на осмата кривина, а потоа излезе пред болидот на Шарл Леклер, кој не беше задоволен.
„Тој никогаш нема да се промени. Не научи ништо“, јасно порача Леклер на радиото.
Мазепин исто така заврши со 1.2 секунди послабо време од својот тимски колега, Мик Шумахер.
Русинот доби место во Ф1 со тимот на Хас откако неговиот татко, милијардерот Дмитриј Мазепин стана главен спонзор на американскиот тим.
Mazepin will never change.#SpanishGP #CharlesLeclerc pic.twitter.com/v6aUxN3Axl
— 에클레어 (@sharr_leclerc) May 7, 2021