Top Sport

Игуаин се повредил

Фудбалерот на Јунебтус Гонзало Игуаин се повредил на вчерашниот тренинг соопшти клубот.

„Игуаин во текот на тренингот почувствува болка во бутниот мускул на десната нога. Тестовите покажаа дека повредата не е сериозна. Ќе ја следиме неговата состојба во наредните денови“, порачаа од Јувантус.

Сезоната во Серија А ќе продолжи на 20 јуни, а една недела претходно ќе се одиграат полу-финалните реванши во Купот.

Сезоната во Италија беше суспендираната на 9 јуни. По враќањето на тренинзите неколку фудбалерите се здобија со полесни повреди како Златан Ибрахимовиќ и Сергеј Милинковиќ-Савиќ.

Scroll to Top