Возачите на тимот на КТМ, Бред Биндер и Џек Милер, официјално ја најавија претстојната сезона во Мото ГП. Во центарот на вниманието беше 28. годишниот Австралиец Милер, кој по девет години се врати во КТМ.
Милер му се приклучи на Биндер кој вози за КТМ од 2020 година. Австралиецот возеше за КТМ уште во 2014 година во класата Мото 3.
„Одлично се чувствува. Повторно сум член на семејството на КТМ и полека се навикнувам на тоа. Долго размислував за овој момент. Конечно сите можат да ме видат во овие бои и во официјалното одело, а во тек се подготовките за се што не очекува. Одлично е што се враќам во КТМ“, изјави Милер.
Официјалното тестирање во Малезија на патеката Сепанг ќе се одржи од 5. до 10.февруари, потоа на 11. март, тимовите ќе тестираат во Портимао. Новата сезона ќе започне на 26.март во Португалија.