Светскиот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон вели дека неговата желба да оди во Ферари била „краткотрајна“ во последното интервју за „Скај спортс“.
Додека Шарл Леклер и Макс Ферстапен потпишаа долгогодишни договори, Хамилтон во теорија ќе биде слободен да потпише договор со друг тим во 2021 година, нешто што на крајот на минатата сезона предизвика многу внимание по неговата изјава дека секогаш сакал да вози за Ферари.
Сега, додека траат преговорите за нов договор со Мерцедес, шесткратниот светски шампион призна дека се предомислил.
„Мислам дека тоа беше краткотрајна работа. Секако, ако ги погледнете сите возачи кои биле во Ферари, знаете дека се работи за неверојатен тим и болидот секогаш е прекрасен во црвено. Јас имам црвено на кацигатам бидејќи тоа е бојата на страста или љубовта, како сакате. Но, тоа што Мерцедес го направија за сите свои возачи е неверојатно – тие се почитуваат и стануваш дел од историјата на тимот, долгогодишен партнер. Уште не сме зборувале со Мерцедес, но знаеме кои се нашите цели и каква е нашата посветеност. Нема брзање“, вели Хамилтон во интервју за „Скај спортс“.