Обидот на Луис Хамилтон да стигне до својата рекордна осма светска титула во Ф1 може да добие сериозен удар овој викенд во Сао Пауло, откако во Мерцедес признаа дека размислуваат за менување на нивниот мотор пред Бразилското ГП, што ќе донесе казна од 5 места на неделната трка.
Хамилтон пред последните четири трки од сезоната има 19 поени заостанување зад Макс Ферстапен во Ред бул, и секој поен во последните трки ќе може да биде скапоцен.
„Не можам да коментирам за новиот момент засега, и колку што знам сите мотори се океј, но ќе видиме каква одлука ќе биде донесена“, вели Хамилтон, кој има само една победа во последните осум трки.
Ако се смени неговиот мотор, тоа ќе биде петта промена оваа сезона, откако го смени во Турција минатиот месец, но заврши само на петтото место.
„Колку е голем предизвикот? Тие имаа силен болид цела сезона и тоа може да се забележи. Ќе видиме што ќе се случи“, додава Хамилтон.