Top Sport

Одложена е Големата награда на Франција

Новата сезона во „кралската класа“ нема да започне ниту со трката за Големата награда на Франција. Трката на патеката во Ле Ман според календарот требаше да се вози на 17 мај. Големата награда на Франција е одложена поради пандемијата што ја предизвика ширењето на вирусот КОВИД-19.

Нов датум за оваа трка, како и за претходно одложената Голема награда на Шпанија, нема да биде одреден се додека целосно не биде јасно кои трки ќе можат да се одржат.

До сега оваа сезона откажана е трката во Катар, со која започна Мото ГП, но на која не се возеше трката во „кралската класа“.

Трките во САД и Аргентина добија нови термини, тие ќе се возат во ноември, додека за октомври е поместена Големата награда на Тајланд.

Наредната трка според календарот е на 31 мај во Муџело.

Scroll to Top