Top Sport

Крај на сезоната во Белгија – титулата ја освои Бриж

Во ситуација кога челниците на националните шампионати и УЕФА бараат начин како да ги завршат првенствата, Белгиците решија да јаа заклучат сезоната.

Како и сите првенства во Европа, со исклучок на Белорусија, првенството на Белгија поради коронавирусот беше прекинато во минатиот месец. Бидејќи не се знае до кога ќе трае ваквата ситуација и до кога ќе бидат суспендирани превенствените натпревари во Белгија решиле да прогласат крај на сезоната.

За шампион е прогласен Клуб Бриж. Екипата на бриж во моментот кога е суспендирано првенството на челната позиција имаше 70 поени, 15 повеќе од Гент.

Бриж избори директен пласман во Лигата на шампионите, додека Гент ќе игра во квалификациите. Во Лига Европа ќе се натпреваруваат Шарлероа, Антверпен и Стандард.

Челниците на Фудбалскиот сојуз на Белгија треба само да донесат одлука дали ќе биде одиграно финалето во националниот Куп.

Scroll to Top