Германката Софија Флерш вети дека ќе се врати на тркањето и покрај хорор-судирот на Макау ГП трката во саботата по кој доби сериозна повреда на ’рбетот и имаше 11-часовна операција во неделата.
17-годишната возачка на Ван Амерсфорт тимот, буквало „летна“ пред нејзиниот болид да заврши во оградата, но сега откако се потврди дека нема опасност таа да остане парализирана, веднаш почна да планира враќање во спортот.
„Ја преживеав операцијата која траеше 11 години и се надевам дека отсега ќе биде подобро. Морам да останам уште неколку дена во Макау пред да се вратам дома. Им благодарам на сите за пораките кои сега почнувам да ги читам. Тоа ми дава храброст и ме мотивира. Голема благодарност за сите кои ми помогнаа, посебно за докторот Рикардо Чекарли и за мојот тим Ван Амерсфорт рејсинг. Ќе се вратам! Далара изгради многу добра шасија“, напиша Флерш на својот Фејсбук.
Нејзиниот татко, исто така ја поддржа во нејзината страст.
„Лекарите кажаа дека ако продолжи со овој прогрес, тогаш по шест-седум дена во болница ќе се врати во Германија. Работите ќе бидат подобри секој ден. Уште не сме зборувале за враќање на тркањето бидејќи е прерано, но од моја гледна точка нема нешто што ќе ја сопре“, вели тој.
Флерш имала „ангел чувар на рамото“ за да го преживее хоророт во Макау (видео)