Top Sport

По седум години, Луис Хамилтон се раздели со асистенката Енџела Кален

Пред тренинзите на Саудиското ГП во Џеда, седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон неочекувано потврди дека ја прекинува соработката со асистентката Енџела Кален, со која работеше седум години и со која дури живееше заедно за време на коронавирусот.

Хамилтон и Новозеланѓанката Кален ја соопштија веста преку социјалните мрежи.

„Последните седум години Енџела постојано беше до мене, туркајќи ме да станам најдобрата верзија. Сега сум посилен спортист и подобра личност поради неа. И посакувам многу среќа во нејзините следни чекори и остварување на соништата“, напиша Хамилтон.

48-годишната Кален е поранешна хокеарка на трева, и се грижеше за сите потреби на возачот на Мерцедес за врема на соработката, надгледувајќи ги неговите тренинзи и делувајќи како лична асистентка.

Scroll to Top