Top Sport

Во родната Гана, погребан Кристијан Атсу

Илјадници жители на Гана се собраа пред парламентот во престолнината Акра во петокот, за да присуствуваат на државниот погреб на фудбалерот Кристијан Атсу, кој загина во катастрофалниот земјотрес во Турција минатиот месец.

Атсу беше исчезнат по земјотресот на 6 февруари, кога се сруши зградата во која живееше во Хатај, а неговото тело беше пронајдено десетина дена подоцна, пред да биде однесено во татковината. На погребот присуствуваше неговата сопруга и неговите деца, како и повеќе членови на семејството. На погребот присуствуваа и поранешни фудбалери како Сали Мунтари и Емануел Адебајор

Атсу требаше да си замине од Турција неколку часа пред земјотресот, но реши да остане со клубот Хатајспор, за да продолжи со тренинзите откако постигна победнички гол на меч на 5 февруари. Тој имаше само 31 година.

Scroll to Top