Top Sport

Левандовски е лут: Игравме премногу дефанзивно

Напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски, рекол дека тактиката била погрешна на натпреварот против Ливерпул, поради што Баварците не се пласирале во четврт-финалето во Лигата на шампионите.

Баерн Минхен, по цели седум години натпреварите во Лигата на шампионите ги завршува во осмина-финалето. Синоќа, во Минхен, Ливерпул ги победија Баварците со 3:1.

„Во Англија воопшто не ризикувавме, не се обидувавме да постигнеме гол. Исто се случи и вечерва. не бевме офанзивни, не се обидувавме да приготвуваме шанси. Тоа беше основниот проблем. Игравме дома, но не ја игравме нашата игра, бевме дефанзивни, поради тоа не добија. Лут сум поради ова, знам дека можевме многу подобро“, рекол полскиот напаѓач.

Левандовски заклучил дека Баерн сега мора да ги освои трофеите во домашниот шампионат за да ја спасат сезоната.

Scroll to Top