Поранешниот двоен светски шампион во мотоциклизам во категорија со 125 кубици, Италијанецот Фаусто Гресини (61) кој е роден во славната Имола почина денеска во Болоња поради компликации од коронавирусот.
Гресини дебитираше во 1983 година во шампионатот до 125 кубици, а две години подоцна ја освои титулата во истата класа. Втората титула успеа да ја освои во 1987 година, сезона во која успеа да слави на 10 трки.
Се натпреваруваше се до 1994 година, а во кариерата триумфираше на 21 трка.
По завршувањето на професионалната кариера, тој беше шеф на „Gresini Racing“ – тимот кој вози на „Априлија“ и се натпреварува во сите три категории во Мото ГП шампионатот.