Формула 1 продолжува да ја проширува својата мрежа на трки во САД, а од следната година во календарот ќе се вози Големата награда на Лас Вегас.
Најгламурозниот авто-мото настан во светот пристигнува во „градот на гревот“, кој во последните години стана град на спортот.
По основањето на НХЛ тимот на „Витези“ и преселбата на НФЛ франшизата на „Рајдерс“, сега сега во Лас Вегас доаѓа и Ф1.
Од Формула 1 протекоа информации дека трката во Лас Вегас ќе се одржи на 18. ноември и дека тоа ќе биде претпоследната трка во сезоната, непосредно пред Абу Даби.
Болидите ќе возат низ улиците на Лас Вегас, патеката поминува покрај главните знаменитости на овој град.