Top Sport

Готово е! Хакими потпишува со Интер (видео)

Бекот на Реал Мадрид, Ашраф Хакими веќе е во Милано каде што се очекува денеска да го комплетира неговиот трансфер вреден 45 милиони евра во тимот на Интер.

Хакими бил „фатен“ како пристигнува на аеродромот во Милано, по што заминал во болницата „Хуманитас рисирч“, а потоа ќе оди и во просториите на Италијанскиот олимписки комитет (ЦОНИ). Се очекува тој да потпише петгодишен договор со Интер, кои плаќаат 40 милиони евра плус 5 милиони евра во бонуси за неговиот потпис.

21-годишниот Хакими последните две сезони беше позајмен фудбалер на Борусија Дортмунд, каде што постигна 12 гола и 17 асистенции во 72 настапи. Претходно тој беше дел од тимот на Реал Мадрид кој ја освои титулата од Лигата на шампионите во 2017/18.

Scroll to Top