Top Sport

„Радикалниот“ дизајн на Ред бул го „украде“ шоуто во Барселона

РБ18 болидот на Ред бул рејсинг беше криен од очите на јавноста до денешниот старт на зимското тестирање во Барселона, но сега е јасно дека нивниот радикален дизајн го „украде шоуто“ на првиот ден.

Посебно интересно за сите ривали, вклучувајќи го и Луис Хамилтон беше необичните широки странични крилца на болидот, дизајн каков што нема ниту еден друг болид во новата ера на Ф1 шампионатот.

Секако, бидејќи се работи на дизајн на Адријан Њуи, креатор на шампионски болиди за Вилијамс, Мекларен и Ред бул, следува анализа кај ривалите и можно копирање.

Scroll to Top