Top Sport

„Билд“ бара Шалке логото на „Газпром“ да го смени со „Слобода за Украина“

Германскиот таблоид „Билд“ побара второлигашот Шалке да го „покрие“ логото на руската компанија „Газпром“ од своите дресови и да го смени во „Слобода за Украина“, иако во исто време на својата веб-страница има за продажба дресови со ова лого.

Славниот клуб од Гелзенкирхен, кој за жал е во втората лига, имаат партнерство со „Газпром“ од 2007 година и во вторникот објавија дека гигантот бил „партнер со доверба“ 15 години, но дека се во постојани разговори со компанијата и дека се посветени на „мир и сожителство“.

Во колумната на уредникот на спортската редакција на „Билд“, Валтер  Штратен се вели дека е тешко да се гледаат мечеви од Лигата на шампионите со логото на „Газпром“ и побара Шалке да направи „вистинска одлука“.

„Топката се тркала, рубљата се тркала, но сега и тенковите се тркалаат. Мораме да ги гледаме ‘Газпром’ на ТВ додека свири химната на Лигата на шампионите, а трупите на Путин маршираат во Украина. Ги гледаме Шалке со нивните дресови, како тоа да е нормалана реклама, а не финансер на руската државна моќ. Не за дресови на Шалке со ‘Газпром’. Залепете го. Логото со порака: Слобода за Украина“, пишува Штратен.

Scroll to Top