Даниел Рикјардо доминираше на двете тренинг сесии пред Монако ГП трката, и тоа двапати пред својот колега Макс Ферстапен, за Ред бул да влезе со големи очекувања на „најблескавиот“ Ф1 викенд на календарот.
Рикјардо постави најдобро време во утринската сесија, но Ферстапен беше прв по 19 минути од попладневната сесија со круг од 1:12.468 на „ултра-меки“ гуми на Пирели. Ферстапен го намали времето на 1:12.071, кога сесијата беше прекината за да се направат промени на една шахта на патеката.
Inspections/repairs continuing… #MonacoGP ?? #F1 pic.twitter.com/JoB2zlxhrK
— Formula 1 (@F1) May 24, 2018
Рикјардо по ре-стартот постави одличен круг од 1:11.841, кој остана најбрз, иако Ферстапен се доближи на само 0.194 зад колегата. Себастијан Фетел беше трет најбрз за Ферари со 0.378 секунди поспоро време, додека Луис Хамилтон во Мерцедес беше четврт, пред второто Ферари на Кими Раиконен (за само 0.009 секунди). Валтери Ботас беше шести во вториот Мерцедес.
Зад најдобрите три тимови, Нико Хилкенберг беше седми за Рено, пред двојката на Мекларен, Штофел Фандорне и Фернандо Алонсо, а топ 10 го комплетираше второто Рено на Карлос Саинс Јуниор.
Фото: ЕПА
FP2 CLASSIFICATION: Confirmation of @redbullracing‘s dominance #MonacoGP ?? #F1 pic.twitter.com/92hVs6bjgv
— Formula 1 (@F1) May 24, 2018