Министерот за финансии на Франција, Бруно Ле Мер тврди дека постои огромна опасност автомобилскиот гигант Рено да не ја преживее кризата со корона вирусот, а прв чекор би бил напуштањето на Формула 1 тимот.
Рено има големи проблеми со оддржувањето на финансиската стабилност на компанијата и Ле Мер во петокот со изјавата дека „Рено може да исчезне од пазарот“, прати сурова порака до илјадниците враотени.
Министерот предупреди дека Рено ќе мора да направи големи намалувања на сопствените трошоци и покрај помошта која ја добиваат од француската држава, која се очекува дека ќе им даде заем од 5 милијарди евра. Услов на владата е да се произведуваат повеќе автомобили во Франција, а помалку во странство.
Во вакви услови, тешко е да се оправда постоењето на Формула 1 тимот на францускиот производител, кој се врати во спортот како конструктор пред неколку години.