Светската автомобилистичка федерација (ФИА) првично го усвои протестот на Астон Мартин, признавајќи дека има „1.200 потенцијални случаи“ на излегување надвор од рамките на патеката на Австриското ГП, со што резултатот на трката во Шпилберг останува неизвесен до крајот на истрагата.
Во текот на целиот викенд во Австрија, токму темата на излегување надвор од рамките на патеката беше „најжешка“ и седум возачи добија казни од 5 секунди во текот на неделната трка. ФИА потврди дека ќе ги испита сите можни прекршоци, и посочи дека конечниот распоред на трката е „условен“ до крајот на истрагата.
„Во текот на Австриското ГП, контролата на трката имаше задача да прегледа над 1.200 случаи на излегување од патеката на 9. и 10. кривина. Резултатите ќе бидат објавени кога ќе се заврши со истрагата. За во иднина ќе препорачаме патеката да додаде дел со песок на излезот од кривините 9 и 10. Разбираме дека ова не е едноставно решение и бараме трпение“, објавија од ФИА.
Астон Мартин со протест за Австриското ГП поради казните за излегување од патеката
Ферстапен доминираше и во Австрија во бизарна трка со серија казни!