Top Sport

Рикиардо се врати во Ред Бул

Австралиецот Даниел Рикиардо ќе биде третиот возач на тимот на Ред Бул во Формула 1 шампионатот следната сезона, соопшти денеска австрискиот тим.

На крајот на сезоната Рикиардо го напушти Мекларен на кој му се придружува неговиот сонародник Оскар Пјастри.

Тој веќе возеше за Ред Бул во периодот од 2014 до 2018 година, а овојпат ќе им помогне на актуелните прваци во шампионатот на конструктори со тестирање, работа на симулаторот и комерцијални активности.

„Насмевката кажува се. Навистина сум возбуден што ќе се вратам дома како трет возач за 2023 година. Веќе имам толку многу убави спомени од моето време овде, но топлото добредојде од Кристијан (Хорнер), д-р Марк (Хелмут) и целиот тим навистина го ценам“, изјави 33-годишниот возач.

Рикиардо во својата досегашна кариера забележа осум победи во Формула 1, од кои последната ја оствари минатата година во Монца. Првата постава на тимот на Ред Бул ја сочинуваат двократниот светски шампион Макс Ферстапен и Мексиканецот Серхио Перез.

Scroll to Top