Даниел Рикјардо стигна до блескава пол-позиција на Монако ГП, откако неговиот клупски колега од Ред бул ги пропушти квалификациите по судирот на тренингот во кој го оштети болидот.
Рикјардо беше најбрз во првите две квалификациски сесии, додека Ферстапен остана во боксот со оштетен менувач, пред да постави време од 1:10.810 во првиот круг во третата квалификациска сесија, нешто што беше недостижно за конкуренцијата.
Q3 CLASSIFICATION: Can anyone catch @danielricciardo? ?#MonacoGP ?? #F1 pic.twitter.com/Pmbbhxu5GM
— Formula 1 (@F1) May 26, 2018
Луис Хамилтон беше блиску до ова време откако беше најбрз во првиот сектор на патеката во последниот круг, но на крајот заврши како трет зад Себастијан Фетел во Ферари. Ова е само втора пол-позиција во кариерата на Австралиецот, и доаѓа две години по најдоброто време на истата патека.
Кими Раиконен беше четврти со само 0.034 секунди зад Хамилтон, а Валтери Ботас беше петти во вториот Мерцедес. Естебан Окон во Форс Индија го доби дуелот на „преостанатите“, пред Фернандо Алонсо (Мекларен), Карлос Саинс Јуниор (Рено), Серхио Перез (Форс Индија) и Пјер Гасли (Торо росо).
На патеката на која е најтешко да се претекнува, Ферстапен ќе стартува како последен.
Фото: ЕПА