Во една од најдраматичните трки во возбудливата Формула 1 сезона, храбриот потег на асот на Мекларен, Лендо Норис не се исплатеше во дождливиот финиш во Сочи, и тој не успеа да го победи Луис Хамилтон во Мерцедес.
Норис имаше минимална предост пред Хамилтон на пет круга пред крајот, кога дождот почна да паѓа на рускиот „автодром“, и додека Мерцедес решија да го внесат Хамилтон во боксот за „средни“ гуми, Норис се „коцкаше“ со „меки“ стари гуми и на крајот тоа не му успеа.
Ова значеше дека Макс Ферстапен, кој ја стартуваше трката од последното место, неочекувано заврши на второто место минимизирајќи го „ударот“ на патеката на која досега победуваа само болиди на Мерцедес, а Карлос Саинс Јуниор, кој водеше на стартот на трката го зазеде треетото место.
Даниел Рикардо во Мекларен беше четврт пред Валтери Ботас (Мерцедес), Фернандо Алонсо (Алпине), повратникот Кими Раиконен (Алфа Ромео), несреќниот Норис, Серхио Перез (Ред бул) и Џорџ Расел (Вилијамс).
Стартот на трката не беше најдобар за освојувачот на пол-позицијата, Норис, кој дозволи Карлос Саинс да го помине на првото место, а ниту Хамилтон немаше најдобар старт – од четвртото место падна на шестото. Меѓутоа, како што се движеше трката, Норис се одвои пред одличниот Хамилтон, пред финалната драма. Најнеочекувано секако беше второто место на Ферстапен, кој беше шести пред дождот во последните кругови, за на крајот да остане на само 2 поени зад Хамилтон.
Графика: Sofascore за Топспорт.мк
HISTORY!!! ?@LewisHamilton becomes the first F1 driver ever to reach 100 wins ???#RussianGP #F1 pic.twitter.com/AK5cCAaxpe
— Formula 1 (@F1) September 26, 2021
LAP 51/53
Norris has stayed out on slicks but he’s struggling for grip and losing time and then spins off
Hamilton (on inters) has passed him and leads the race#RussianGP #F1 pic.twitter.com/DHuyzkD9B6
— Formula 1 (@F1) September 26, 2021