Себастијан Фетел целосно ја заслужи казната која го чинеше победа на Канадското ГП, вели светскиот шампион од 2016 година, Нико Розберг, иако повеќе возачи и Ф1 критичари оценија дека стјуардите реагирале престрого.
Наместо тоа, Розберг го критикуваше својот сонародник Фетел, велејќи дека тој направил грешка и потоа „плачел“.
„Фетел врескаше: ’Имам прашина на гумите, немав контрола, каде да одев, не го видов…’. Океј, нека биде така. Но, Луис беше таму и правилото вели дека кога ќе излезеш од патеката, треба да се вратиш безбедно. За жал, тоа не беше така, и казната е заслужена“, вели Розберг, поранешниот колега на Хамилтон.
Розберг вели дека зборувал и со својот татко, светскиот шампион од 1982, Кеке Розберг, кој бил 60-40 за казна.
„Би сакал да кажам колку фантастичен е Себастијан, како по квалификациите, но не можам. Наместо да се жали на радиото кога знае дека одлуката не може да се смени, тој требаше да се концентрира. Тоа е слабост. Тој верува дека секогаш е во право и ги обвинува другите кога ќе ја загуби контролата. Тоа не беше убаво да се види“, вели Розберг.
“Where am I supposed to go?”#CanadianGP ?? #F1 pic.twitter.com/gWjWNmdOE4
— Formula 1 (@F1) June 9, 2019