ФИА го објави календарот за новата сезона во шампионатот на Формула 1. Сезоната 2019 ќе започне во Австрслија во март, а ќе заврши во ноември во Абу Даби.
Во календарот за 2019 година има 21 трка, а единствената измена се однесува на трките во Мексико и САД. Овие две трки ги заменија местата, така што во 2019 година прво ќе се вози Големата награда на Мексико, на 27.октомври, а потоа Големата награда на САД, на 3.ноември.
Сезоната ќе започне на 17.март на патеката „Алберт парк“ во Австралија, а ќе заврши на „Јас Марина“ во Абу Даби, на 1.декември.
Распоред на трките во Ф1 за 2019 година:
17.март: ГН на Астралија, патека „Алберт парк“
31.март: ГН на Бахреин, патека „Шахир“
14.април: ГН на Кина, патека Шангај
28.април: ГН на Азербејџан, патека Баку
12.мај: ГН на Шпанија, патека „Монтмело“
26.мај: ГН на Монако, патека Монте Карло
9.јуни: ГН на Канада, патека „Жил Вилнев“
23.јуни: ГН на Франција, патека „Пол Рикард“
30.јуни: ГН на Австрија, патека „Ред Бул ринг“
14.јули: ГН на Велика Британија, патека Силверстон
28.јули: ГН на Германија, патека „Хокенхајм“
4.август: ГН на Унгарија, патека „Хунгароринг“
1.септември: ГН на Белгија, патека Спа Франкошамп
8.септември: ГН на Италија, патека Монца
22.септември: ГН на Сингапур, патека „Марина Беј“
29.септември: ГН на Русија, патека Сочи
13.октомври: ГН на Јапонија, патека „Сузука“
27.октомври: ГН на Мексико, патека „Ерманос Родригес“
3.ноември: ГН на САД, патека Остин
17.ноември: ГН на Бразил, патека „Интерлагос“
1.декември: ГН на Абу Даби, патека „Јас Марина“
Шампионската титула кај возачите во 2019 ќе ја брани Луис Хамилтон, а кај конструкторите Мерцедес.