Мото ГП шампионатот потврди дека 19-годишниот Мото3 возач од Швајцарија, Џејсон Дупаские починал во болницата во Фиренца по вчерашниот страотен инцидент на квалификациите за Италијанското ГП во Муџело.
„Длабоко сме потресени што мораме да ја пренесеме вест за зазагубата на Џејсон Дупаские. Во името на целото Мото ГП семејство праќаме пораки на сочувство и на љубов кон неговиот тим, неговото семејство и неговите сакани. Ќе ни недостасуваш, Џејсон. Вози во мир“, објавија од Мото ГП.
Дупаские падна на вчерашните квалификации во Муџело, по што Јапонецот Ајуми Сасаки налета на него и излета од мотоциклот. Дупаские дури половина час добиваше медицинска помош на патеката, пред да биде однесен со хеликоптер во клиниката во Фиренца со катастрофални повреди на главата.
We’re deeply saddened to report the loss of Jason Dupasquier
On behalf of the entire MotoGP family, we send our love to his team, his family and loved ones
You will be sorely missed, Jason. Ride in peace pic.twitter.com/nZCzlmJsVi
— MotoGP™? (@MotoGP) May 30, 2021