Возачите на Тојота Фернандо Алонсо, Себастијан Буеми и Казуки Накаџима останаа без победата на трката во Силверстон, во ФИА Ендуренс шампионатот (ВЕЦ), откако по завршувањето на истата биле дисквалификувани.
По победите на трките во Ле Ман и Спа Франкошамп, Алонсо, Буеми и Накаџима победија и на шест часовната трка во Силверстон. Тие победија пред колегите од Тојота Мајк Конвеј, Камуи Кобајаши и Печито Лопез.
Меѓутоа по завршувањето на трката, и извршените тестови двете Тојоти се дисквалификувани. Од тимот не соопштија дали ќе поднесат жалба, бидејќи со истиот дизајн победија на претходните трки.