2Шпанскиот Мото ГП возач Хорхе Лоренцо потврди дека се повлекува од шампионатот по завршната трка во Валенсија овој викенд, ставајќи крај на кариерата во која освои три светски титули, но заминува по катастрофална сезона со Хонда.
Неговата трета титула дојде во единствената сезона во која Марк Маркез не ја освои титулата од своето деби во Мото ГП во 2013 година. Лоренцо оваа година му стана колега на Маркез, но 32-годишниот Шпанец не успеа да се опорави од повредите и од слабата форма.
Тој има 68 победи во Мото ГП, со што е на шестото место на вечната листа.
„Секогаш сум велел дека има четири важни денови во животот на еден мотоциклист – денот на првата трка, денот на првата победа, потоа на првиот шампионат, а потоа и денот во кој се пензионираш. За мене дојде и четвртиот ден“, вели Лоренцо.
Лоренцо беше најпознат за лутото ривалство со својот поранешен колега од Јамаха, Валентино Роси, кој во 2012 го обвини дека му помага токму на Маркез да го победи во борбата за титулата. По казната која ја доби Роси за клоцањето на Маркез, на крајот титулата отиде кај Шпанецот.
Guts and glory ?@lorenzo99‘s career is one of determination and triumph ✨#ThankYouJorge | #ValenciaGP ??https://t.co/uW9hZBjCDL
— MotoGP™ ?? (@MotoGP) November 14, 2019