Top Sport

Верстапен ја освои пол-позиција во Бразил

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен победи на квалификациите за Големата награда на Бразил. Актуелниот шампион во Формула 1 покажа време од 1 минута и 10,727 секунди.

Шарл Леклер од Ферари заврши како втор со 0,294 секунди заостанување зад лидерот. Третото место му припадна на Ленс Строл од Астон Мартин – 0,617 секунди.

Од 4-10. место се пласираа: Фернандо Алонсо (Астон Мартин), Луис Хамилтон (Мерцедес), Џорџ Расел (Мерцедес), Ландо Норис (Мекларен), Карлос Сајнц (Ферари), Серхио Перез (Ред Бул) и Оскар Пјастри (Мекларен).

Трката за Големата награда на Бразил ќе се вози утре со почеток во 18 часот по средноевропско време.

Scroll to Top