Top Sport

(Видео) Со нож нападнал пензиониран ММА борец и завршил на земја 

Вирално стана едно видео од маж кој прободува друг маж, во кој главната улога ја има пензионираниот ММА борец Хавиер Баез.

Според полицискиот извештај, 50-годишниот Омар Мареро прво се обидел да го нападне ММА борецот додека тој седел во автомобил на паркинг во заливот Катлер на Флорида. Во извештајот се споменува дека Мареро го удрил прозорецот на автомобилот со нож, а потоа ја отворил вратата за да се обиде да го нападне Баез.

„Тој викаше и дивееше. Мислам дека се дрогира“, рекол Баез, кој успеал да се извлече, но Мареро се свртел и грабнал уште еден нож. Потоа Мареро го нападнал Баез и веднаш зажалил бидејќи брзо завршил на земја, онесвестен.

„Успеав да го држам со колено и да повикам полиција. Се разбуди, дојде полиција и се беше во ред. Лесно. Кога тренираш толку многу, сето тоа станува рефлекс“, рекол Баез, кој има пет победи и две загуби во кариерата.

Scroll to Top