Светскиот шампион и лидер во генерален пласман, Франческо Бањаја стигна до убедлива победа на спринтерската трка на Австриското ГП на Рд бул ринг пред Јужноафриканецот Брад Биндер, додека неговиот ривал за титулата, Марко Бецеки излета на првата кривина.
Возачот на Дукати, Бањаја го заддржа првото место од пол-позицијата, оставајќи го агресивниот Биндер зад него во првите неколку круга за да направи голема предност и да стигне до својата четврта спринтерска победа оваа сезона.
Хорхе Мартин заврши на третото место иако беше еден од највиновните за големата мешаница во првиот круг по кој трката заврши за Марко Бецеки, Мигуел Оливеира и Жоан Зарко, додека Маверик Вињалес и Фабио Квартараро загубија многу време. Мартин се обиде да помине на внатрешната страна на првата кривина и го „закачи“ Квартараро, кој потоа го турна кон Бецеки и кон другите возачи.
Бањаја пред утрешната главна трка во Шпилберг има 47 поени предност во генерален пласман пред Мартин, додека Бецеки е трет со 59 поени заостанување.
🚦 GAME ON IN AUSTRIA! 🚦@PeccoBagnaia gets the launch but there's chaos behind! 🤯#AustrianGP 🇦🇹 pic.twitter.com/ffrHQipxes
— MotoGP™🏁 (@MotoGP) August 19, 2023
🚨 LAST LAP 🚨@PeccoBagnaia is on his way to another #TissotSprint victory! 👏#AustrianGP 🇦🇹 pic.twitter.com/n0FYR2lul8
— MotoGP™🏁 (@MotoGP) August 19, 2023