Кошмарот не престанува за шесткратниот светски шампион Марк Маркез, откако шпанскиот возач на Хонда падна по неверојатен 13. пат на тренингот пред Холандското ТТ во Асен, по што призна дека е физички „ограничен“.
Маркез пристигна на „катедралата на тркањето“ во Асен со повреда на левата рака, десниот скочен зглоб и ребрата по петте пада на Германското ГП, за во петокот да ја загуби контролата на третата кривина и да заврши надвор од патеката. Бидејќи заврши надвор од топ 10, тој утре ќе мора да учествува и во првите квалификации.
„Скочниот зглоб и прстот се скршени, но тоа не ми беше проблем. Но, реброто, навистина боли и тешко е да дишам и поради тоа губам многу време. Не се чуствувам најдобро. Во Заксенринг не се тркав бидејќи едноставно не можев. Сега, четири дена подоцна, малку сум опоравен, но многу сум физички ограничен. Да видиме како ќе биде утре, а целта е да се заврши викендот“, вели Маркез.
За негова среќа, по неделната трка во Асен, доаѓа долгата летна пауза до средината на август.
Struggling with a broken rib, thumb and injured ankle 😮@marcmarquez93 just couldn't hang on when he went for a push lap late in #MotoGP P2 💥#DutchGP 🇳🇱 pic.twitter.com/PVaB5DJzNZ
— MotoGP™🏁 (@MotoGP) June 23, 2023