Top Sport

Волф: Ред бул веќе неколку месеци се под истрага за пречекорување на буџетот

Шефот на Мерцедес, Тото Волф вели дека ривалите од Ред бул рејсинг се предмет на истрага за прекршување на правилата за ограничен буџет во Формула 1 веќе неколку месеци.

Во петокот, повеќе медиуми јавија дека лидерите во генерален пласман Ред бул, заедно со Астон Мартин се под истрага за прекршување на финансиските правила, нешто што тимовите го демантираа, но Волф вели дека истрагата трае неколку месеци.

„Смешно е што Кристијан вели дека се под буџетот, бидејќи веќе неколку недели и месеци тие се под истрага. Можеби не зборува со луѓето задолжени за финансиски работи во тимот. Сите сме под истрага подолго време, и од тоа што го знам, има тим кој минимално го пречекорува буџетот процедурално и уште еден тим кој е далеку над буџетот. Тоа е отворена тајна во Ф1“, вели Волф.

Според правилата на ФИА, казните можат да бидат финансиски, но во построги случаи дури и исфрлање од шмпионатот.

Scroll to Top