Светскиот шампион во Формула 1, Макс Ферстапен, вчера забележа рекордна десетта последовна победа во сезоната 2023 година, откако победи на Големата награда на Италија во Монца.
Многу експерти веќе ја споредуваат доминацијата на Ред Бул со онаа на Мерцедес пред неколку години, но шефот на Мерцедес, Тото Волф, даде важно појаснување.
„Нашата ситуација беше малку поинаква бидејќи имавме двајца возачи кои се бореа еден против друг во тимот“, се присети Волф на битките меѓу Луис Хамилтон и Нико Розберг.
„Не знам дали Макс се грижи за рекордите. За мене тоа не е нешто важно, тоа се бројки, тоа е за Википедија и и онака никој ништо не чита таму“, додаде Волф.