Top Sport

Клинсман: Мојот фаворит на СП е Бразил

Легендарниот германски фудбалер и поранешен селектор на оваа земја, Јирген Клинсман, смета дека Бразил е најголемиот фаворит за освојување на титулата на Светското првенство во Катар.

Клинсман, кој го освои Светското првенство во 1990 година, не ја потценува ниту својата Германија која ќе игра со подмладен тим.

„Германија има добра млада репрезентација. Тие можат да стигнат далеку, можат дури и да го освојат Светското првенство. Но, мојот личен фаворит, кој го гледам со години, особено во квалификациите, е Бразил”, изјави Клинсман и додаде:

„Импресиониран сум од тоа како ги поминаа квалификациите, особено во Јужна Америка, кои се сметаат за најтешки. Тие завршија импресивна работа.“

Аргентина, двократниот шампион, секогаш е меѓу фаворитите за трофејот.

„Секако, сите навивачи се прашуваат дали Меси може да и ја донесе титулата на Аргентина. Тоа е неговата голема цел. Што и да се случи, ќе имаме драматично Светско првенство во Катар”, изјави Клинсман.

Светското првенство започнува на 20. ноември со натпреварот меѓу Катар и Еквадор.

Scroll to Top