Top Sport

Бекам до репрезентативците: Знам колку ова ќе боли…

Англија загуби од Италија во финалето на ЕУРО 2020 на пенали. На трибините на „Вембли“ покрај големиот број познати личности беше и легендата на англискиот фудбал – Дејвид Бекам.

Ден по финалето тој се огласи со порака за поддршка за момците предводени од Герет Саутгејт:

„Беше голема привилегија да се биде на стадионот и да се гледа нашата репрезентација како се бори на целиот турнир – како лавови. Срцепарателен беше синоќешниот резултат, но да се сетиме на она што навистина е важно. Ова е најдобриот резултат на Англија по повеќе од 50 години. Ова е екипата која покажа храброст и страст кон нашата земја во моментите кога толку многу ни требаше тоа. Тим млади момци кои доаѓаат, и тоа со толку позитивни промени надвор од теренот. Тука е и сјајниот менаџер кој ги води кон вредности и интергритет. Сите тие не заслужуваат ништо друго освен благодарност и почит. До Герет и момците… Знам колку ова ќе боли, но имате гордост и благодарност од својата земја за она што го постигнавте и сето тоа направено на вистинскиот начин. Секој кој денеска не го поддржува и не го почитува секој од вас – не е љубител на Англија. Во победи и порази – ние сме со вас. Главата горе“ напиша Бекам.

Scroll to Top