Иако еден од најдобрите играчи се повреди во четвртфиналето, Италија обезбеди пласман во финалето на ЕУРО2020 против Англија, во недела на „Вембли“.
Леонардо Спинацола (28) вели дека сега е понервозен отколку да се подготвува со соиграчите за дуелот против „Гордиот Албион“.
„Емотивен сум и чувствувам голема тензија“ рече за „Sky Sport Italia“ левиот бек на Рома кој беше прогласен за најдобар играч на два од четирите натпревари што ги играше на ЕУРО.
Повредата на Ахоловата тетива на мечот со Белгија за него значеше пауза 7 до 8 месеци.
„Со семејството сум, со жената, со децата, се обидувам да се фокусирам на добри работи во животот“ рече Спинацола.
Иако веќе не е дел од селекцијата, вели дека се чувствува како да е со соиграчите, во кампот, на подготовките. Во авион, по триумфот на Белгија соиграчите го скандираа неговиот прекар „Спина“, а по мечот со Шпанија го носеа неговиот дрес во знак на поддршка.
„Два часа преку видео запис им се заблагодарував од цело срце, тоа беше навистина неверојатно. Пак ми ја пееја онаа песна, знам дека во недела ќе играат фантастично финале и одвај чекам“ вели фудбалерот.
Спинацола сигурно нема да биде на терените до 2022 година, а со своите партии веќе го сврте вниманието на Реал Мадрид, Барселона и Ливерпул.
„Секогаш верував во себе, но пак беше неверојатно да се игра на ваква сцена. Клучното е повторно да се вратиш на нозе, да не престанеш да веруваш, но секако треба и малку среќа. Несреќите, повредите и промената на позициите направија огромна разлика во мојата кариера. Никогаш не постигнував многу голови, па во Сиена ми рекоа ако сакам да успеам на највисоко ниво, морам да играм како бек, наместо како крилен напаѓач“ вели тоа.
За крај доби прашање за финалето на ЕУРО 2020.
„Се надевам дека Италија ќе победи, но тоа ќе биде 50-50 меч. Англија има сјајни поединци како Рашфорд, Санчо, Фоден, млади се, но феноменални. Ќе биде тежок меч, но ние сме одлични и можеме да победиме“ заклучи Спинацола кој од трибините на „Вембли“ ќе навива за соиграчите.