Top Sport

Милвоки се во финалето на НБА лигата првпат од 1974 година!

Милвоки бакс успеаја да влезат во своето прво НБА-финале од 1974 година, откако без првата ѕвезда Јанис Адетокумбо ја довршија работата против Атланта хокс за пресметка со Финикс санс во големото финале.

Крис Мидлтон постигна 32 поени, Холидеј додаде 27 поени, за Милвоки да стигнат до 118:107 победа над Атланта хокс, за 4:2 победа во серијата.

„Чувството е неверојатно. Одиме во финалето, нешто за  што сонував кога бев дете. Ова е моментот за сите нас“, изјави Холидеј.

Адетокумбо, кој е во аут откако го повреди коленото во четвртиот меч, беше дел од прославата, но многумина се сомневаат дека Бакси ќе можат да ги совладаат фантастичните Санси без „грчкиот ѕвер“.

Сепак, се „скрши“ малерот во плејофот за Бакси – во 2019 ги совладаа Детроит и Бостон, пред да направат 2:0 предност против Торонто и потоа да ги загубат следните четири меча. Минатата сезона пак, Бакс беа први носители и ги поминаа Орландо во пет меча, пред Адетокумбо да го повреди скочниот зглоб и да бидат елиминирани од Мајами.

Scroll to Top