Top Sport

ГРУПА Д: Англичаните и Хрватите во незгодна група

АНГЛИЈА

Се враќа дома! Со таква песна пред три години на СП во Русија, англиските навивачи ги бодреа своите фудбалери до неочекувано полуфинале. Како и пред секое големо натпреварување, во Англија се верува дека се може до титулата, но секогаш, потоа се бараат оправдувања за неуспехот.

Герет Саутгејт веќе пет години е селектор на „трите лава“, и од него се очекува сигурен пласман барем до четврт-финалето, но останува да се види дали се има доволно квалитет за тоа. Одбраната не изгледа најдобро со повредениот Хери Мегваер, но затоа во средниот ред и во нападот тие имаат совршена комбинација на млади таленти (Белингам, Санчо, Сака, Фоден) и искусни фудбалери навикнати да играат на високо ниво (Хендерсон, Кејн, Стерлинг). Амбиции огромни. Достигнувањата? Нејасни.

Голмани: Хендерсон (Манчестер јунајтед), Џонстон (ВБА), Пикфорд (Евертон)

Одбрана: Чилвел (Челси), Коуди (Вулверхемптон), Џејмс (Челси), Мегваер (Манчестер јунајтед), Мингс (Астон вила), Шо (Манчестер јунајтед), Стоунс (Манчестер сити), Трипиер (Атлетико Мадрид), Вокер (Манчестер сити), Вајт (Брајтон)

Среден ред: Белингам (Дортмунд), Хендерсон (Ливерпул), Маунт (Челси), Филипс (Лидс), Рајс (Вест хем)

Напад: Калверт-Луин (Евертон), Фоден (Манчестер сити), Грилиш (Астон вила), Кејн (Тотенхем), Рашфорд (Манчестер јунајтед), Сака (Арсенал), Санчо (Дортмунд), Стерлинг (Манчестер сити)

ХРВАТСКА

По неверојатното финале на Светското првенство во 2018 година, никој не очекува Хрватска на Златко Далиќ да го повтори сличниот успех. Освен хрватските навивачи.

И покрај релативно послабите резултати во последните две години, никој со малку познавање на фудбалот не може да ги потцени „коцкастите“ и нивната мотивација секогаш била клучна на големите натпреварувања. Модриќ уште ја има „магијата“ во нозете, а тука се и новите репрезентативци од кои се очекува многу во иднината како Гвардиол и Оршиќ.

Голмани: Ливаковиќ (Динамо Загреб), Калиниќ (Хајдук), Слуга (Лутон)

Одбрана: Врсаљко (Атлетико Мадрид), Баришиќ (Ренџерс), Чалета-Цар (Марсеј), Ловрен (Зенит), Јурановиќ (Легија), Вида (Бешикташ), Гвардиол (Лајпциг), Брадариќ (Лил), Шкориќ (Осијек)

Среден ред: Ковачиќ (Челси), Модриќ (Реал Мадрид), Брозовиќ (Интер), Бадељ (Џенова), Влашиќ (ЦСКА Москва), Пашалиќ (Аталанта), Перишиќ (Интер), Брекало (Волфсбург), Оршиќ (Динамо Загреб), Иванушец (Динамо Загреб)

Напад: Ребиќ (Милан), Петковиќ (Динамо Загреб), Будимир (Осасуна), Крамариќ (Хофенхајм)

ЧЕШКА

Чешка одамна ја нема повторено златната генерација од пред 20 години, но фаворитите во групата Д ќе направат голема грешка ако ја потценат. Чесите се редовни учесници на Европските првенства од 1996 година, но во Русија пред три години на Мундијалот потполно потфрлија со еден поен во три меча.

„Моторот“ на оваа репрезентација на Чешка ја прави двоецот од Вест хем, Томаш Соучек, кој беше фантастичен оваа сезона, и неговиот сонародник Владимир Цоуфал.

Голмани: Вацлик (Севилја), Павленка (Вердер), Мандоус (Сигма)

Одбрана: Кадержабек (Хофенхајм), Челустка (Спарта), Калас (Бристол), Боржил (Славија Прага), Брабец (Плзењ), Цоуфал (Вест хем), Холеш (Славија Прага), Матеју (Бреша), Зима (Славија Прага)

Среден ред: Дарида (Херта), Јанкто (Сампдорија), Соучек (Вест хем) Масопуст (Славија Прага), Барак (Верона), Крал (Спартак Москва), Шевчик (Славија), Хложек (Спарта Прага), Пешек (Слован Либерец)

Напад: Видра (Барнли), Крменчик (ПАОК), Шик (Леверкузен), Пекхарт (Легија)

ШКОТСКА

Шкотска се враќа на големите натпреварувања првпат од СП во 1998 година, откако на најдраматичен можен начин ја елиминираа Србија во баражот на пенали, и очекувањата реално се многу мали.

Сепак, мотивацијата на Шкотите, посебно на меч против Англија ова лето ќе биде нешто што може сигурно да се смета. Ова е најталентираниот тим со кој Шкотите можат да се пофалат во последните неколку децении, полн со фудбалери од Премиер лигата, од кои се истакнува фудбалерот од средниот ред на Астон вила, Мекгин, кој постигна фантастични седум гола во осум меча во квалификациите.

Голмани: Гордон (Хартс), Маршал (Дерби), Меклафлин (Ренџерс)

Одбрана: Купер (Лидс), Галахер (Мадервел), Хенли (Норич), Хендри (Селтик), Меккена (Нотингем), О’Донел (Мадервел), Патерсон (Ренџерс), Робертсон (Ливерпул), Тејлор (Селтик), Тирни (Арсенал)

Среден ред: Армстронг (Саутемптон), Кристи (Селтик), Флек (Шефилд јунајтед), Гилмур (Челси), Мекгин (Астон вила), Мекгрегор (Селтик), Мектоминеј (Манчестер јунајтед), Турнбул (Селтик)

Напад: Че Адамс (Саутемптон), Дајкс (КПР), Форест (Селтик), Фрејзер (Њукасл), Нисбет (Хибернијан)

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top