Првата фаза на ЕУРО 2020 помина без поголеми изненадувања, сите големи фаворити поминаа во осминафиналето, но впечатокот е сега поинаков за дел од нив, за разлика од пред 11 јуни кога започнаа фудбалските натпревари на ЕП.
Има промена и кај квотите за шампион на првенството. Она што и понатаму не е променето е дека Франција е прв фаворит за титулата – коефициент 5.
Пред почетокот на турнирот Англија важеше за втор фаворит, но по неуверливите изданија во групната фаза, падна довербата во селекцијата предводена од Герет Саутгејт. Од друга страна воодушеви Италија, па сега „Азурите“ се втори фаворити на првенството со коефициент 7.
Со коефициент 10 има неколку репрезентации – тука се Англија, Белгија и Германија. Само чекор зад нив, со коефициент 12 се Шпанија, Холандија и Португалија.
Тука завршува кругот на сериозни кандидати за европскиот пехар.
Пред почетокот на турнирот Данска имаше коефициент 40 дека ќе ја повтори 1992 година (ЕП во Шведска), но сега тој коефициент изнесува 25.
Од друга страна, има намалување на коефициентот кај Хрватите, од 45, на 65.